Пан Европа Л.Т.Д. е компанија основана во 1995 година. Од самото основање e овластен увозниk и дистрибутер на програмата на SONY .
Од 2007 година со одделувањето на SIEE – PlayStationво рамките на SONY стануваме единствен овластен увозник и дистрибутер на истата за територијата на Република Македонија и Косово.

Во 2008 година продолжуваме со доближување на производите од SONY и SIEE – PlayStation до купувачите со отварање на првата екслузивна и специјализирана продавница SONY GALERIJA,
во центарот на Скопје (до Рамстор). Со отворањето на Skopje City Mall, продавницата ја преселивме во трговскиот на 2-ри кат, а во 2022 се отвори салонот на Галерија во Ист Гејт, на 1-ви кат кај спортскиот корнер.

Од 2009-та на територијата на Република Македонија го застапуваме и брендот BOSE, препознатлив по перфектно и професионално озвучување, како за домашна употреба, така и за високо професионално озвучување на деловни објекти, сали и секаде каде што е потребно звучно безпрекорно покривање.

Од 2016-та станавме претставници на REDRAGON, заради потребата на нашите клиенти за поголем избор на гејминг опрема со одличен квалитет и прифатливи цени.

2019-та стануваме увозник на NINTENDO конзоли, игри и додатоци за да излеземе во пресрет и на помалата популација.

Во понудата имаме и Razer, Dell и Logitech, со ова ја збогативме гејминг понудата и станавме една од подоброснабдените продавници за најдоброто од техниката.

Од 2024 година, Галерија стана ексклузивен застапник на брендот Sonos, водечки производител на премиум звучници и аудио системи. Со ова, Галерија го проширува својот асортиман со најновите и најдобрите аудио решенија.

Во изминатите 13 години „Галерија“ повеќе пати е прогласена за најдобар трговски објект за техника, избор кој го организира Град Скопје.

Компанијата располага со сопствен магацин и деловен простор, како и сопствен возен парк за дистрибуција на производите низ целата територија на Република Македонија.

Листата на коминтенти со кој соработуваме е голема и би ги спомнале само дел: Македонски Телеком и А1 Македонија.

Ги следиме потребите на сите луѓе ширум државата. Нашето име насекаде претставува гаранција за квалитет и доверливост. Нашиот фокус не е само врвната технологија.

Ние сме посветени на тоа да и секој од вас како наш корисник инвидуално ги почуствува придобивките на производите. Поради тоа нудиме широк спектар иновативни, но лесно употребливи производи и услуги.

Нашата мисија е да обезбедиме на нашиот пазар светски познати производи, иновативни решенија, беспрекорна услуга и задоволни купувачи.