Намалете го шумот во заднина со автоматското снимање гласови
Дали снимате како некој зборува? Вклучете ја функцијата за автоматско снимање гласови за да ги оптимизирате поставките за снимање звук според фреквенциите на вокалите. Како резултат ќе добиете почиста снимка со помалку шум во заднина и помала веројатност за загуби во звукот предизвикани од несоодветни поставки на микрофонот.
Добијте подобар звук со автоматското снимање музика
Функцијата за автоматско снимање музика ги оптимизира поставките за снимање звук според фреквенциите на музиката. Таа го намалува влијанието на грешките при снимањето предизвикани од погрешни поставки за чувствителност на микрофонот и придонесува за остар и висококвалитетен звук.
Снимајте оддалечени или тивки звуци со стерео микрофон
Отсега ќе можете да ги снимате слабите извори на звук без преголем шум во заднина, благодарение на стерео микрофонот со голема чувствителност и мал шум. Дури и звукот од птиците кои црцорат во далечина може да се долови природно и јасно.
Пронајдете го важниот дел со функцијата за прескокнување време
Достапна е и опција за големо прескокнување. Пронајдете ги важните делови од вашиот состанок, семинар или предавање на едноставен начин со функцијата за прескокнување време за да прескокнувате по 10% од вкупното време на репродукција на снимката.
Поширока и посветла LED-светилка за снимање
Со серијата UX570 не треба да се грижите дали снимате или не кога е потребно. Пошироката и посветла LED-светилка ви помага полесно да препознаете кога снимате.
Пронајдете го тоа што ви треба со минимален напор
Серијата UX570 го олеснува пронаоѓањето на делот од репродукцијата што ви е потребен. Краткото прескокнување е многу практично со функцијата за лесно пребарување што ви овозможува да се вратите назад за 3 секунди или да одите напред за 10 секунди со кликнување едно копче.
Засилете ја музиката со нормализација на репродукцијата
Благодарение на функцијата за нормализација на репродукцијата, ќе слушате јасен звук дури и ако снимите звук со мала јачина. Таа ја засилува амплитудата на вашата снимка на највисоко ниво без да го намали квалитетот на звукот.
Гледајте јасен приказ на поголемиот OLED-екран
Сега може полесно да снимате, прегледувате и управувате со снимките преку големиот екран.
Директно поврзување преку USB за брз пренос на датотеки
Префрлувањето датотеки од и во компјутерот е брзо и практично. Само приклучете ја серијата UX570 директно во USB-приклучок и веднаш воспоставете врска – не е потребен USB-кабел.
Зголемете ја меморијата преку отворот за микро SD картички
Со вграден простор за складирање од 4 GB, серијата UX570 може да снима MP3-датотеки со 128 kbps (СТЕРЕО) до 59 часа. Освен тоа, може да го зголемите просторот за складирање со компатибилни мемориски картички. Со microSDHC-картичка може да добиете најмногу 32 GB вкупен простор за складирање, а со microSDXC-картичка ќе добиете импресивни 64 GB или повеќе.
Тенок, лесен и практичен за носење
Со големина од само 102,8 мм x 36,6 мм x 12,2 мм и тежина од само 48 гр., елегантната серија UX570 е доволно лесна и тенка за да можете да ја вметнете во џеб и да ја носите насекаде.