Брза и сигурна испорака

HTS400

Original price was: 19,990.00 ден.Current price is: 16,990.00 ден.

  • S-Force PRO Front Surround создава звук како во кино
  • Безжичниот сабвуфер нуди подлабок и помоќен звук
  • X-Balanced Speaker Unit за јасни вокали
  • Поврзување со вашиот телевизор со еден кабел преку HDMI ARC
  • Поврзување преку Bluetooth® за безжично проследување на звук

Испорака & Достава

  • Eco Logistic Service

Брза и сигурна достава на производите до вашата адреса

2-3 Денови

From $40

  • Локално преземање

Локално преземање од City Mall или East Gate Mall - ќе ве контактира вработен кога пратката ќе биде спремна за подигнување.

0 денари

From $20

  • Безбедно плаќање: MasterCard / Visa
  • Замена на производ во рок од 15 дена

Опис

Слушајте го звукот насекаде околу вас
Звучникот во вид на лента го спојува висококвалитетниот стандард Dolby® Digital со нашата технологија за виртуелен опкружувачки звук S-Force PRO Front Surround. Тој ќе ве внесе во филмовите што ги сакате преку симулација на опкружувачки звук како во кино.

Опкружувачки звук на едноставен начин
Користејќи само предни звучници, уникатната технологија на Sony за дигитална обработка на звучното поле виртуелно го репродуцира полето на опкружувачкиот звук, а звукот ќе доаѓа кон вас од две страни. Уживајте во богат и филмски опкружувачки звук.

Уживајте во јасни дијалози и моќен звук
Моќните звучници создаваат звук со широк опсег низ вашата просторија, благодарение на технологиите како X-Balanced Speaker Unit и заоблените засеци по работ на звучниците што ја подобруваат острината на вокалите. Затоа, без разлика дали гледате филмови или телевизија, нема да пропуштите ниту збор од дијалозите.

X-Balanced Speaker Unit
Предни звучници со X-Balanced Speaker Unit. Уникатната правоаголна форма на овие звучници максимално ја зголемува површината на мембраната. Таа го намалува движењето на мембраната без да го намали звучниот притисок, што резултира со помало изобличување и поголема острина на вокалите.

Звук со подлабок и помоќен бас
Моќниот безжичен сабвуфер со голем звучник од 160 мм создава звук со подлабок и побогат бас.

Едноставно безжично поврзување
За да немате неред од кабли, може безжично да испраќате звук кон вашиот звучник во вид на лента од телевизори BRAVIA од Sony што поддржуваат безжично поврзување.1 2 Исто така, безжичната врска ќе ви овозможи да ги вклучувате и исклучувате телевизорот и звучникот во вид на лента истовремено преку копчето за вклучување на BRAVIA. Така добивате уште една влезна врска преку Bluetooth® за друг извор, како паметен телефон или таблет-уред.

Стилски дизајн што може да се постави на ѕид
Дизајниран да се вклопи беспрекорно во вашата дневна соба, овој звучник во вид на лента може да се монтира на ѕид и има рамна задна површина што совршено се прилепува до ѕидот.

Прозорец со практичен OLED-екран
Прозорецот со OLED-екран на звучникот во вид на лента нуди лесно видливи информации за статусот на функциите за далечинска контрола како влезен извор, јачина на звук и поставки за звук како звучно поле, режим за говор и ноќен режим.

HDMI ARC
HDMI ARC (повратен аудио канал) ви овозможува да се поврзете со компатибилни телевизори користејќи само еден кабел, за да избегнете неред од кабли.

Оптички влез
Телевизорот не е компатибилен со HDMI ARC? Оптичкиот влез нуди висококвалитетен звук за филмови и други содржини.

Спецификации

Overview

Processor

Display

RAM

Storage

Video Card

Connectivity

Features

Battery

General

Рецензии од клиенти