РЕФЕРЕНТНИ ОБЈЕКТИ
Изберете категорија и објект за да ги прегледате текстот и фотографиите.
УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ
РЕСТОРАН ВИНАРИЈА СТОБИ-ГРАДСКО
Објект-ресторан со тераса. Ресторанот е со стандардни димензии и беше поставено стандардно фронтално озвучување. Терасата бидејќи е застаклена и со прекршен таван, изготвивме комбинација од звучници кои одговараат на таквата местоположба.
Со звучникот BOSE 251 кој има регулација на јачина и агол на покриеност, успеавме да различните висини во просторот ги анулираме и да постигнеме идеален опсег на амбиентален звук.
ВИНАРИЈА КАМНИК-СКОПЈЕ
Простор предвиден за дегустација на вино. Објектот е од затворен карактер и има захтевност од идеален амбиент во секој поглед. Озвучувањето мораше да биде со висок опсег на покриеност, од тивок амбиентален звук, па до широк фреквентен опкружувачки звук кој ќе ги задоволува стандардите на една мала концертна сала.
За таа цел беа поставени плафонски вградни звучници BOSE FreeSpace DS 100F, а во појачалото BOSE Power Amplifier B1500 е вградена дигитална звучна картичка BOSE Freespace DS100EQ. Дополнително е поставено и 100V зонско појачало за тераса, ходник и тоалети.
РЕСТОРАН ДУКАТ-СКОПЈЕ
Ресторанот Дукат со национален етно концепт е еден од најдобрите ресторани во Скопје. Целокупната инсталација на озвучувањето беше направена во амбиентална фреквенција која нуди пријатен звук со префинети звуци што го надополнуваат доживувањето при конзумација на традиционална македонска храна.
ГАРДЕН РЕСТОРАН – СКОПЈЕ
КОНЦЕПТ КАФЕ БАР - СТРУМИЦА
Кафе барот Концепт е посебно достигнување во областа на озвучувањето. Инсталиран е HI-FI system во professional system комбинација со компоненти од SONY и BOSE. Звучниците BOSE 301 и 251 овозможуваат квалитетен звук што може да се почувствува и при настапи во живо.
КАФЕ БАР СИНДИКАТ
Во Кафе Барот Синдикат се инсталирани HI-FI system компоненти кои даваат мек, топол, а воедно снажен звук со висок дампинг фактор. Звучниците од BOSE 201 и 251 овозможуваат непрофесионалното да стане професионално со попристапно решение.
КАФЕ БАР ВЕСПА
Во Кафе Барот Веспа се инсталирани HI-FI system компоненти со мек и топол, но и снажен звук. За посилен ефект се додадени компоненти од Bose Professional, со што звукот станува длабок и погоден и за DJ настапи.
ХОТЕЛИ
ХОТЕЛ ПАНОРАМИКА ДИЗАЈН И СПА-СКОПЈЕ
Хотел во кој ќе пронајдете уникатен стилски концепт, луксузно сместување и елегантен амбиент, кој е надополнет со Sony како премиум бренд. Низ хотелот се поставени повеќе Sony телевизори кои со своите технички перформанси и изглед одлично се вклопуваат во модерниот дизајн.
ХОТЕЛ АУРА – ОХРИД
Хотел со високи стандарди кој бара квалитетно озвучување во сите сегменти, но и безбедносна звучна дојава за евакуација во случај на пожар, земјотрес и други слични ситуации.
Низ хотелот е поставена целокупна инсталациона мрежа за озвучување која се управува од едно место. Ходници, холови, скали, соба за состаноци, ресторан, тераса и евакуациски скали се регулираат зонски посебно по потреба. Поставени се BOSE FreeSpace DS 40F, DS 4SE и DS 16F звучници.
БАНКИ
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - СКОПЈЕ
Во зградата на Комерцијална банка е реализирано комплексно зонско покривање со амбиентално озвучување и систем за безбедносна звучна дојава за евакуација. Ходници, холови и канцеларии се регулираат зонски посебно по потреба.
Инсталирани се BOSE FreeSpace DS 40F, DS 16F и DS 16SE звучници, приклучени на BOSE ControlSpace AMS-8 II Audio Management System. Во холовите за посетители се поставени и SONY телевизори со соодветно избрани димензии и перформанси.
БОЛНИЦИ И ИНСТИТУЦИИ
БОЛНИЦА РЕМЕДИКА - СКОПЈЕ
Болница со високи стандарди која бара квалитетна покриеност на озвучување во сите сегменти и безбедносна звучна дојава за евакуација.
Целокупната 100V инсталациона мрежа се управува од повеќе места. Ходници, холови, кафе бар со тераса, сала за презентации и соби за релаксација се регулираат зонски. Поставени се BOSE FreeSpace DS 40F, DS 100F, DS 16F и DS 16SE, а во салата и собите се инсталирани и SONY телевизори.
МАНУ - СКОПЈЕ
Посебен предизвик било озвучувањето во МАНУ, бидејќи не постоела инсталација за озвучување, а истовремено требало да не се оштети постојното партерно уредување.
Во свечената сала е инсталиран конференциски систем, а во централниот хол колонски звучници кои ја анулираат појавата на ехо и овозможуваат еднаков квалитет и селективност на звукот.
СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ
СПОРТСКА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИ – ЦЕНТРАЛЕН СЕМАФОР
Поставени се видео и аудио системи во спортската сала, вклучувајќи четиристран и страничен лед екран со високи резолуции, процесор за форматирање на слика и аудио озвучување од BOSE PRO F1 сегментот.
СПОРТСКА САЛА БОРИС ТРАЈКОВСКИ – СТРАНИЧЕН СЕМАФОР
ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ
АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА МЕДАРСКИ
ПРЕТСТАВНИШТВО PHILIP MORRIS СКОПЈЕ
Во работните простории е инсталирано амбиентално 100V професионално озвучување, а во шоу собата за презентации е поставена инсталација со поголеми перформанси, погодна и за музички и за говорни потреби.
ПРОДАВНИЦИ ЛИСКА
За продавници, маркети и слични професионални објекти, пријатната и релаксирана атмосфера е важен дел од посетата. Ова се постигнува со интимна позадинска музика која не пречи во купувањето.
УЧИЛИШТА, ГИМНАЗИИ, ФАКУЛТЕТИ
УЧИЛИШТА, ГИМНАЗИИ, ФАКУЛТЕТИ
ПРИВАТНИ ОБЈЕКТИ
ПРИВАТНИ ОБЈЕКТИ
Нашата визија за вашите домови е секогаш на прво место. Производите овозможуваат во домот да се чувствувате како во кино, концертна сала или на спортски натпревар. Советите, идеите и желбите се претвораат во реално и удобно домашно искуство.