Нова генерација на слика и звук со когнитивна интелигенција
Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои.
Извонредно јасни црни тонови за реална длабочина и текстура
Обединувајќи го нашиот OLED-екран со XR OLED Contrast Pro, овој телевизор ги подобрува боите и контрастот во светлите површини за да уживате во ненадминати црни тонови и максимална светлина. Во комбинација со Cognitive Processor XR™, ги подобрува сликите на ист начин како што фокусираат вашите очи за да не пропуштите ниту детаљ во светлите површини или длабоките сенки.
Екранот е звучник, а сликите и звукот се во хармонија
Acoustic Surface Audio+™ користи специјални механизми за да го претвори екранот во повеќеканален звучник. Ќе слушате прецизно усогласен звук со акцијата на екранот, а сликите и звукот ќе бидат во хармонија и ќе создадат прекрасно доживување.
Кажете што сакате да гледате со гласовното пребарување
Пронајдете омилени содржини со гласовно пребарување. Почнете да гледате серија или филм со изговарање на името или пребарувајте гласовно изговарајќи „find action movies“. Притиснете го копчето на управувачот за да започнете.
Широка палета на бои за реални тонови и нијанси
Благодарение на Cognitive Processor XR™, XR Triluminos Pro му овозможува на A80K да прикаже повеќе од милијарда бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Заедно со нашиот екран со широка палета на бои и интелигентен процесор, тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.
Обновување изгубени текстури, сите содржини подобрени до 4K
Со XR-подобрувањето на квалитетот до 4K ќе добиете забава со квалитет до 4K. Нашиот Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики.
Паметна обработка на движењата за јасни динамички движења
XR OLED Motion и Cognitive Processor XR™ спречуваат заматување преку откривање и вкрстена анализа на важни визуелни елементи од последователните слики. Создава и вметнува дополнителни слики помеѓу оригиналните за да добиете јасни и остри движења, дури и во динамички сцени.
Сета ваша забава надградена со 3D-опкружувачки звук
Содржините добиваат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.