4K Mini LED
Што и да гледате, квалитетот ќе биде подобрен приближно до 4K, благодарение на нашиот уникатен Cognitive Processor XR™. Ќе уживате и во неверојатниот контраст на 4K Mini LED-екранот кого извонредно го контролира нашата уникатна технологија XR Backlight Master Drive за да испорача динамички опсег како никогаш досега. Гледајте неверојатно длабоки црни тонови и прекрасни светли тонови, како и природни средни тонови, без одблесоци или светлосни прстени околу светлите тонови.
Cognitive Processor XR™
Ново ниво на слика и звук со Cognitive Processor XR™. Нашиот револуционерен процесор во телевизорите BRAVIA XR™ од Sony репродуцира содржини на ист начин како што гледаат и слушаат луѓето, за да добиете неверојатно реално доживување. Тој разбира како фокусира човечкото око и врши вкрстена анализа на сликите за да создаде реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои.
XR Backlight Master Drive
XR Backlight Master Drive користи уникатен алгоритам за локално затемнување за да го подели малото и густо распоредено задно осветлување Mini LED на мали LED-светилки. Благодарение на нашиот Cognitive Processor XR™, тој прецизно и независно ја контролира секоја единица, фокусирајќи ја светлината за максимална осветленост без одблесоци или светлосни прстени околу светлите тонови. Оваа технологија нуди ненадминат динамички опсег со сцени исполнети со неверојатно длабоки црни тонови, прекрасни светли тонови и природни средни тонови.
XR Contrast Booster 15
Со прецизно балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, затемнување одредени површини и осветлување други, XR Contrast Booster ја прилагодува светлината за приказ на посветли тонови во одблесоците и подлабоки црни тонови во сенките. Светлите површини се посветли и темните површини се потемни, па затоа сцените изгледаат пореални и имаат повеќе длабочина и детали.
XR Triluminos Pro
Благодарение на Cognitive Processor XR™, XR Triluminos Pro му овозможува на X95K да прикаже повеќе од милијарда бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики. Заедно со нашиот екран со широка палета на бои и интелигентен процесор, тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.
XR HDR Remaster
Со XR HDR Remaster, телевизорот може да ги открие сите предмети на екранот, да ги анализира нивните бои и да го прилагоди контрастот за ги направи сликите уште пореални. Обработката на предметите со BRAVIA XR нуди потполно ново ниво на прецизност преку дополнително прилагодување на нијансите, заситувањето, светлината, векторот на движење, фреквентниот опсег и многу повеќе. Како резултат добивате извонредно реални сцени со поголема длабочина, реални текстури и природни бои.
Подобрување на квалитетот до 4K со XR
Со XR-подобрувањето на квалитетот до 4K ќе добиете забава со приближен квалитет до 4K, независно од содржината или изворот. Нашиот Cognitive Processor XR™ обработува огромни количини на податоци и интелигентно ги обновува изгубените текстури и детали за да добиете реални слики.
4K XR Super Resolution
XR Super Resolution ги открива предметите во сликата и репродуцира практично реални текстури на екранот. Нашиот процесор BRAVIA XR прецизно ги анализира и обработува податоците за да создаде 4K-слики со четири пати поголема резолуција од Full HD за да ги збогати сцените со реални детали и текстури.
4K XR Smoothing
XR Smoothing создава јасни и природни 4K-слики во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори. Сцените се репродуцираат со илјадници тонови, нијанси и градации, поради што изгледаат многу реално.
XR Motion Clarity
Гледањето спорт и акциони филмови штотуку стана многу подобро. Нашиот Cognitive Processor XR™ со XR Motion Clarity™ ги анализира движењата во повеќе кадри за да создаде јасни, осветлени и остри движења.