Шармантниот хорор го доби своето продолжение, сега во комплетно нови средини, со нови непријатели и ужаси што Моно ќе мора да ги надмине. Заедно со Сикс, девојче во жолт капут, тој ќе ги открие мрачните тајни на Сигналната кула, обидувајќи се да ја спаси девојката од нејзината страшна судбина.